ПУБЛИКАЦИИ
едиција ResPublica

Прирачникот „Како поефикасно да комуницирате со граѓаните преку дигиталните медиуми: прирачник за граѓански организации“ нуди преглед на можностите кои ги нудат дигиталните медиуми наспроти традиционалните. Дополнително, се осврнува кон тоа како дигиталните медиуми можат да им помогнат на граѓанските организации во промовирање на нивните активности, проекти и иницијативи. Прирачникот содржи и практични совети за креирање на ефективни пораки, сегментирање на публиката, и совети за тоа кои дигитални алатки се најсоодветни за одредени публики, како најлесно да се измери влијанието на социјалните медиуми и како да се подготви план за социјални медиуми што ќе им помогне на граѓанските организации да се доближат до својата целна публика.

     Повеќе
едиција ResPublica

Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники. Дополнително, ги истражува капацитетите и ресурсите со кои располагаат граѓанските организации, а кои се однесуваат на дигиталните комуникации и степенот до кој тие применуваат дигитални алатки за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи.

     Повеќе
едиција ResPublica

Документот „Поголема одговорност или засилена пропаганда: новинарската етика во дигиталната ера“ се фокусира на предизвиците и проблемите со кои се соочува новинарството во дигиталната ера. Документот нуди осврт кон легислативата од областа, преглед на случаи од практиката, и препораки за тоа како медиумите и новинарите да известуваат професионално и етички.

     Повеќе
едиција ResPublica

Документот „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“ се осврнува кон проблематиката поврзана со регулирање на онлајн медиумите и предизвиците и проблемите кои произлегуваат од овој процес. Документот го анализира домашното и европското законодавство од областа, и нуди препораки за подобрување во областа, применливи за различни чинители во македонското општество.

     Повеќе
едиција ResPublica

Анализата „Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?“ има цел да утврди дали кампањите од јавен интерес кои беа спроведувани во медиумите во Македонија изминативе неколку години беа од јавен интерес или служеа на интересите на политичките елити или на други институции? Анализата се осврнува и на македонското законодавство и на тоа дали истото се почитува при спроведување на овие кампањи. Во документот се наведени и препораки за подобрување во областа.

     Повеќе
едиција ResPublica

Целта на истражувањето „Здружени за промени: враќање на владината отчетност преку граѓански протести“ е да ги согледа комуникациските практики на медиумите, активистите и претставниците на државните институции за време на некои од граѓанските протести кои се одржаа во Македонија во 2014 и 2015 година. Односно, на кој начин овие чинители комуницираат со своите целни групи, и како нивните активности се врамувани во медиумите.

     Повеќе