Целта на платформата е да им се овозможи на граѓаните, активистите, медиумите, училиштата, невладините организации и сите други полесен пристап до едукативни и информативни материјали.

ИКС лого

Страницата е создадена и одржувана од Институтот за комуникациски студии.

Fb. In. Tw. Yt.

[Студија на случај] Граѓанска иницијатива Рефлектор

Зошто Рефлектор?

Во морето од информациии, полу-информации, пропаганда и лажни вести секојдневно се соочуваме со потребата да најдеме чисти, достапни и разбирливи факти.

Безброј пати сме ја слушнале синтагмата една слика – илјада зборови. Кога на тоа ќе додадете брјки и факти ќе го добете она што го прави екипата зад Facebook и Twitter каналите на Рефлектор.

Добрата комуникација на интернет, подразбира добра приказна и добар графички приказ. Рефлектор се тука да ја дадат основата, да ги стават податоците под лупа за да им дадат простор на останатите медиуми да ја оформат приказната околу нив. Токму затоа и оваа студија на случај е посветена токму на оваа иницијатива која е карактеристична и по тоа што е комплетно самоиницијативна.

Рефлектор Facebook – https://www.facebook.com/reflektor.mk/
Рефлектор Twitter – https://twitter.com/reflektor_mk

Како започна?

Инфографиците често се дел од кампањски комуникации посветени на конкретни теми и проблеми. Настрана кампањнските и проектните комуникации секојдневно се јавуваат многу поводи и статистики за кои може да се креира добар инфографик и да се осветли дел од вистината за одредената актуелна тема.

Токму таа потреба, за креирање инфорафици кои брзо ќе се поврзуват со актуелните теми некаде на почетокот на 2017 година беше причина за креирање на Рефлектор. Од тогаш до сега има објавено повеќе од 180 инфографици.

Основна цел на активноста

Основната цел на „Рефлектор“ е да го подобри македонското општество и јавната дискусија. Преку презентирање веродостојни и релевантни податоци во вид на инфографици

Постигнати резултати

Странцата на Facebook ја следат повеќе од 10 илјади корисници, но досегот во просек е редовно далеку поголем од тоа пред се заради бројните споделувања и реобјави. Рекордите се на содржини кои добиле и над 500 споделувања и достигнале видливост пред публика пголема од 180.000 корисници. Важно е да се напомене дека сите овие резултати се постгнати без дополнителн буџет за промоција на самите објави.

Инфографик, повеќе од дизајн на графикон

Инфографиците се одлична алатка за креирање вирална содржина која лесно може да се дистрибуира на социјалните медиуми.

Примерот на Рефлектор е само еден од серијата локални и глобални примери за масовно споделување на различни активистички пораки.

Иако навидум лесни за креирање, инфографиците бараат микс на знаења и искуство за да бидат ефективни. Инфографик не подрзабира само графичко дизајнирање на неколку бројки или графикони, туку подразбира визуелно зајакнување на основната порака која сакате да ја пренесете. Во таа насока не е доволно само дизјанер да е вклучен во изработката туку и некој кој добро знае која порака треба да биде искомуницирана со дадената визуелизација.

Скролни подолу за листа на корисни линкови до различни примери, совети и алатки.