Целта на платформата е да им се овозможи на граѓаните, активистите, медиумите, училиштата, невладините организации и сите други полесен пристап до едукативни и информативни материјали.

ИКС лого

Страницата е создадена и одржувана од Институтот за комуникациски студии.

Fb. In. Tw. Yt.

Пази ситуација: Како да се справиш доколку си цел на клевети, дезинформации и говор на омраза

Прегледи 273

Погледни ги видеата од серијалот „Пази ситуација“ и дознај кои механизми за реагирање ти стојат на располагање доколку си цел на дезинформации, клевети и говор на омраза.

Туристичка фотографија

Пази ситуација! Сонце пука во сред работна недела, а ти си под чадор во Грција. Таман задремана, проаѓа господин и си прави фотки без да праша никого. Си викаш, ајде, за Инстаграм селфи-мелфи нешто. Следниот ден – те мава дамла, ама не од сонцето! Сурфајќи низ домашни веб страници, наоѓаш фотка од тебе и наслов: „Македонки со секси тела се сончаат на Халкидики“. Од срам сакаш да те голтне плажата. И сега чаре?

Погрешно пренесена изјава

Пази ситуација! На улица те застанува ТВ екипа и те прашува за довербата во политичарите. Обично не даваш изјава, ама ете денес си нешто посебно фина. Се опушта новинарот па те прашува и дали си задоволни како надлежните обвинителства и судови го гонат криминалот. На твојата изјава, новинарот и удира техника плукни-залепи, па сега таа звучи вака: „Сите треба да завршат во затвор…. и оваа влада на чело со премиерот!“ Исчезнале зборовите „Се разбира, ако краделе“. И сега чаре?

Злоупотреба на деца за политички цели

Супер сончево време, чист воздух, ги грабнуваш децата и надвор на прошетка. Се разминувате со група луѓе со транспаренти „Долу влада!“ и развеани партиски знамиња. Поминувате покрај нив, без да забележиш дека има фоторепортери наоколу. И така среќни, задоволни после цел ден шетање, по пат си купуваш од вечерните весници и ги гледаш твоите деца на насловната страница со наслов – „И децата протестираа против Владата“. И сега чаре?

Жртва на лажна вест

Локален ТВ канал објавува дека контролата на летање во Белград не можела да воспостави комуникација со пилотите на авионот на една странска компанија на релација Скопје – Виена и има сомневања дека се работи за киднапирање. А во тој авион твои најблиски роднини! Пот те облива во секундата и во паника излетуваш од дома по пижами во правец Скопски аеродром. Стигнуваш на аеродромот, сосема избезумена, а во меѓувреме ТВ каналот им се извинил на гледачите поради погрешно пренесената вест според која станувало збор за авионот на релација Софија – Виена. И сега чаре?

Парада на гордоста

Одиш на Парадата на гордоста за да ги поддржиш правата на обесправените малцинства. После постираш фотографии на Фејсбук каде што носиш транспарент – „Права за различните“. На твојот пост, веднаш како рој оси реагираат повеќе именувани и анонимни ликови со навреди од типот: „Смрт за педерите“, „Гејови Гадови“ и сл. И сега чаре?