Јавноста постојано се жали на миризбата и чадот што доаѓаат од локалните и градските депонии. Се повеќе е очигледна потребата од модерни регионални депонии во Македонија. Во ноември ги прашавме граѓаните дали знаат каде завршува нивниот отпад. Изненадувачки половина од испитаниците одговориле дека знаат, а половина дека не знаат каде завршува нивниот отпад. Во меѓувреме се зголемува бројот на диви депонии насекаде низ државата.