Целта на платформата е да им се овозможи на граѓаните, активистите, медиумите, училиштата, невладините организации и сите други полесен пристап до едукативни и информативни материјали.

ИКС лого

Страницата е создадена и одржувана од Институтот за комуникациски студии.

Fb. In. Tw. Yt.
Image Alt

За нас

Што е Дигитален активизам?

Дигитален активизам е онлајн платформа каде што на едно место може да ги најдете сите ресурси на Институтот за комуникациски студии изработени во различни проекти. Целта на платформата е да им овозможи на граѓаните, активистите, медиумите, училиштата, невладините организации и сите други полесен пристап до едукативни и информативни материјали.

За полесно пребарување ресурсите се поделени по категории: комуникации, новинарство, медиумска писменост, активизам и екологија.

Кои сме ние?

Институтот за комуникациски студии (ИКС) е непрофитна научно-истражувачка организација, основана во 2012 година. Институтот е водечка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Портфолиото на ИКС се состои од нудење на магистерски студии, спроведување на научни истражувања во рамките на комуникациите и медиумите, спроведување на проекти и кампањи, како и давање на консултантски услуги кон трети страни.

Нашата мисија е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.