Целта на платформата е да им се овозможи на граѓаните, активистите, медиумите, училиштата, невладините организации и сите други полесен пристап до едукативни и информативни материјали.

ИКС лого

Страницата е создадена и одржувана од Институтот за комуникациски студии.

Fb. In. Tw. Yt.

[Студија на случај] OpenData.mk – Центар за граѓански комуникации

Прегледи 27
Кој стои зад opendata.mk?

Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето десетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции.

Зошто се потребни отворени податоци?

Отворени те податоци се основен предуслов за т.н. интероперабилнос.

Интероперабилност означува способност на различни системи и организации да работат заедно. Во овој случај, тоа е способност да постигнат интероперабилност – или вкрстување на различни бази на податоци.

Интероперабилноста е важна бидејќи овозможува различни компоненти да работат заедно. Оваа способност да се вкомпонираат и заедно да се приклучат компоненти е од суштинско значење за изградба на големи и комплексни системи.

Јадрото на „заедништвото“ на податоците (или кодовите) е дека еден „отворен“ податок во себе содржи материјал кој може да биде слободно поврзан со друг податок.

Оваа интероперабилност е клучна за остварување на главната практична корист на „отвореноста“: драматично подобрената способност да се комбинираат различни бази на податоци, заедно и со тоа да развијат повеќе и подобри производи и услуги (овие бенефиции подетално се појаснети во делот „зошто“ отворени податоци).

Основна цел на активноста

Основна цел е отварање на податоци кои се неопходни за работењето и функционирањето на луѓето. Во фокус се три целни групи: новинари, невладините организации и граѓаните. 

Герман Филков – Центар за граѓански иницијативи

Линкови

You don't have permission to register