Проверката е основната алатка на новинарите
Прегледи
458
„Дали е етички новинарите да користат скриена камера?“, „Дали хакерите од Велес имаа влијание во кампањата на Трамп во САД?“, „Кои се реномирани медиуми?“.
Ова се дел од прашањата на учесниците на вебинарот упатени до новинарката Кристина Озимец „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести“ што го организираше Институтот за комуникациски студии во рамките на „Неделата против лажните вести“.