Климатските промени влијаат на животниот циклус на некои видови растенија и животни и на исчезнувањето на нивните живеалишта. Во Третиот национален план за климатски промени, во Македонија се идентификувани 18 ранливи живеалишта и 58 растителни и 224 животински видови, бидејќи не можат да се адаптираат на повисоките температури, почестите суши и поекстремните временски настани. На постерите е прикажано како климатските промени во Македонија влијаат на јаболкото, грозјето, џуџестиот бор и качунката.