Кои се СОС Детско село?
Денес, СОС Детско село се грижи за децата и младите без родителска грижа и посветено работи на полето на социјална превенција. Ги зајакнува семејствата во социјален ризик во кои децата се во најголем ризик да ја загубат грижата од своите родители.
Истовремено, имплементира и многу програми и проекти за деца и млади во социјален ризик, како и проекти за градење на капацитети на институциите и професионалците кои работат во системот на згрижување на деца без родителска грижа. Активно ги застапува и лобира за оствaрување на детските права, како и за промени во законите и подзаконските акти, со цел создавање на поволна средина за пружање на висококвалитенти социјални услуги.
СОС Детско село вебсајт – https://sos.org.mk/
СОС Суперхерои – https://sos.org.mk/sos-superheroi/
Зошто ваква активност?
СОС Детско село е невладина и непрофитна организација, дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал кои веќе 70 години функционираат во 136 земји со заедничка цел- грижа и заштита на деца и млади во ризик стремејќи се да обезбеди „Ниту едно дете да не расте само“
Потребата во овој случај беше обезбедување на средства за функционирање на програмите на СОС Детско село во Македонија и зголемување на препознатливоста на брендот СОС Детско село.
Александра Спасевска – Експерт за обезбедување на фондови и комуникации
Избор на канали за комуникација
Централна локација на веб е специјално дизајнираната целна (landing) страница:https://sos.org.mk/sos-superheroi/ . Секако до неа посетителите доаѓаат преку социјални медиуми, основната веб страна на СОС детско село како и преку ПР текстови. Дополнително има гостувања на неколку телевизии и офлајн настани во Skopje City mall.
Постигнати резултати
Бројот на поддржувачи и прибраните финансии се менува секој ден и е јавно достапен на самата вебстрана. Дополнително на овие донации, кои се далеку позначајни како активност на самите поддрживачи отколку како пробрани средства, бележиме зголемен број на следачи на социјалните медиуми (30% ФБ, 50% Instagram), и секако зголемена посетеност на веб страната.
Што е следно?
СОС Детско село континуирани покрева raising awareness кампањи како и кампањи за обезбедување на средства. Така оваа година бевме активни со соработката со Осигурување Македонија и кампањата за домажинско осигурување преку која обезбедивме енергетски ефикасна реконструкција на еден семеен дом на згрижувачките семејства во рамките на СОС Детско село Скопје. Соработувавме и со Скопски маратон, и преку платформата Givengain поттикнувавме влијателни индивидуалци да креираат свој Fundraiser за СОС Детско село. Се обединивме со IT компаниите SLICE I Codeflair и втор пат успешно ја реализиравме иницијативата IT4Charity.