Целта на платформата е да им се овозможи на граѓаните, активистите, медиумите, училиштата, невладините организации и сите други полесен пристап до едукативни и информативни материјали.

ИКС лого

Страницата е создадена и одржувана од Институтот за комуникациски студии.

Fb. In. Tw. Yt.

Серија на видеа со Новко, нашиот медиумски супер-херој

Институтот за комуникациски студии ви го претставува серијалот видеа со Новко, суперхеројот кој се справува со дезинформациите, пропагандата, лажните вести и манипулациите во медиумите.

Епизода 1: Устав за вести – Прирачник за правилно разбирање на вестите

Во првата од четирите епизоди од серијалот видеа „Newsman“, нашиот Новко (Петар Цветковски) и неговата колешка Снешка (Ирена Илиевска) го објавуваат Уставот за вести, кој ќе ни помогне да ги разбереме вестите.

Епизода 2: Како да се заштитиме од манипулациите?

Никој не сака да биде изманипулиран од медиумите, па нашиот супер-херој Новко во оваа епизода ни нуди шест совети како да се заштитиме од манипулациите.

Епизода 3: Внимавај, пропаганда!

Во третата епизода нашите новинарски херои, Новко и Снешка влегуваат во Бирото за пропаганда и ни ги откриваат алатките кои пропагандата ги користи при манипулација на граѓаните.

Епизода 4: Кој е Newsman?

Во последната епизода, нашиот суперхерој Новко ни ги открива тајните на медиумската писменост и зошто е таа важна. Но, кој е Newsman?