Активистката Тина и студентот Томо не запираат да алармираат за загадувањето на животната средина. Изнајмија тезга на пазар за да укажат дека загадувачите на почвата завршуваат на нашите трпези, се натпреваруваа во „Шишелов” – ловење шишиња од Вардар и организираа герила акција за отстранување од сообраќајот на возилата кои не ги исполнуваат еко стандардите.