Овој вебинар беше реализиран во рамките на Онлајн програмата за професионален развој за иновативно управување, лидерство и стратегиски комуникации – е-PROFMAN. Програмата беше спроведена од виртуелниот кампус составен од три високообразовни институции: Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (Македонија), Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА (Словенија) и Истанбул Универзитетот (Турција). Проектот беше финансиран од програмата на Европската унија ЕРАСМУС+. Овој ресурс може да се користи слободно и бесплатно во образовни цели.