Целта на платформата е да им се овозможи на граѓаните, активистите, медиумите, училиштата, невладините организации и сите други полесен пристап до едукативни и информативни материјали.

ИКС лого

Страницата е создадена и одржувана од Институтот за комуникациски студии.

Fb. In. Tw. Yt.

Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ во 2018 година ги истражуваше навиките на корисниците на социјалните мрежи. Истражувавме дали корисниците на социјалните мрежи ги проверуваат изворите на информации, од каде најчесто се информираат, колку време поминуваат на социјалните мрежи, кои видови новости ги следат, колку им е важно мислењето на јавните личности итн. Заклучоците од истражувањето потврдија дека во земјава постои недоволно развиена критичка свест за проверка на она што ќе се прочита онлајн. Погледнете дел од поважните податоци од истражувањето.